Несторовски и Пандев: Сакаа да го тргнат Ангеловски од химната!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонските репрезентативци Горан Пандев и Илија Несторовски во изјава за „360. степени“ кажаа дека луѓето од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) побарале во химната да го нема Игор Ангеловски.

Со ова е продолжен конфликтот меѓу македонските репрезентативци и ФФМ, а еве што кажа Пандев.

„Како може да се дрзнат да го трнат селекторот или некој од играчите од химната, тоа е жално. Мислам дека оваа порака стигна до ФФМ и мислам дека треба да размислат добро пред да направат такво нешто. Ја покажаа нивната нечовечност. Нема да биде коректно да го тргнат селекторот“

И Илија Несторовски вели дека во еден момент луѓето почнале да му објаснуваат на селекторот дека од Федерацијата било побарано да не биде во химната.

„Ние играчите бевме повикани да снимаме спот за таа песна. Кога пристигнавме на стадион, не пречекаа Пеце Суперхикс и неговата група – се беше спремно за снимање. Во еден момент почнаа да му објаснуваат на селекторот дека од Федерацијата е побарано да биде тргнат делот во кој се спомнува Мрме. Навистина останавме вчудовидени, не очекувавме таква ситуација, бидејќи знаеме дека тие резултати се постигнати на чело со сегашниот селектор“, вели Несторовски.