Несторовски: Имав неколку понуди, но решив да останам во Италија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец веќе втора сезона игра во екипата на Удинезе, а за италијанските медиуми даде интервју за неговата кариера.

Несторовски кажа дека е подготвен да остане во Удинезе и да ја чека неговата шанса.

„Втора година сум во Удинезе и навистина ми се допаѓаат и градот и клбуот“.

Засега македонскиот напаѓач не успева да биде стандарден во првиот тим.

„Јас тренирам 100% и чекам шанса. Со Парма влегов во второто полувреме и дадов свој придонес во враќањето од 0:2 на полувреме. Нормално дека сакам да играм повеќе, секој играч тоа го сака. Мое е да тренирам и да давам се од себе, одлуката е на тренерот“.


Имал понуди, но одлучил да остане во Италија.

„Три-четири клуба покажаа интерес, но моја желба беше да останам во Италија, навикнат сум на животот тука. Ако има други понуди ќе ги разгледам. Во арапските земји има одлични играчи и таму многу се вложува, во Катар се игра следното Светското првенство. Во фудбалот никогаш не можеш да кажеш никогаш. Еден мој соиграч има во Дубаи, има и уште неколку балкански играчи“.

Тема во интервјуто беше и пласманот со Македонија на Европското првенство.

„Среќен сум, испишавме историја со тоа што се пласиравме на Европското првенство. Горд сум што сум дел од една таква група на луѓе. Играме во една комплицирана група со Холандија, Австрија и Украина, но не губиме надеж и сакаме да направиме нешто посебно. Пандев е лидер на Македонија и легенда на нашата земја. Тој е најгоре и сите други доаѓаат после него. За него нема што многу да се зборува, фактите доволно зборуваат. Освои се и на нашата репрезентација и донесе Европско првенство“, изјави Несторовски.

Целото интервју на Несторовски – тука.