Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски кажа дека Црвена Звезда била заинтересирана за неговите услуги.
Несторовски, кој е роден во Прилеп, во 1990 година во моментов игра во Серија А за Удинезе, а оваа информација ја откри во разговор за „ТВ Арена Спорт“.
Напаѓачот кажа свое мислење за ситуацијата во Италија, каде што имаше најмногу проблеми со пандемијата на коронавирусот и новите случаи на заразени.
„Да, пред осум месеци се шпекулираше за тоа. Имав контакт и понуда, но им се заблагодарив. Во моментов се гледам во Италија, тука ми е добро, тука ми е семејството, децата одат во училиште и учат италијански. Приоритет ми е да останам тука, знаеме дека Серија А е во топ-5 лиги во Европа“, кажа Несторовски.