Несторовски ќе добие понуда да му биде соиграч на Буфон?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот напаѓач Илија Несторовски паузираше долго време поради повреда, која успеа да ја надмине и сега добива шасна во екипата на Удинезе.

Меѓутоа, Несторовски можеби нема уште долго да остане во Удинезе бидејќи за неговите услуги е заинтересиран тимот на Џанлуиџи Буфон, односно Парма.

Спортскиот директор на Парма, Алфредо Манфредини кажа дека му се допаѓа Несторовски и ќе биде големо засилување за нападот на екипата.

„Имаме идеја и размислуваме за засилувања. Посебно ми се допаѓа Несторовски кого Јакини добро го познава, сигурно би бил големо засилвуање за нас“, изјави спортскиот директор на Парма.