Несторовски ќе го пропушти ЕП поради повреда?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од Италија не пристигнуваат охрабрувачки вести по повредата на македонскиот напаѓач Илија Несторовски, а сега се појавија информации дека можеби нема да настапи ниту на Европското првенство (ЕП) ова лето.

Италијанските медиуми објавија дека Несторовски се повредил за време на тренингот на Удинезе, а во следните денови ќе биде позната точната дијагноза за неговата повреда на коленото.

Засега не е познато дали станува збор само за истегнување или оштетување на лигаментите, што би можело да го одалечи македонскиот фудбалер од настап на првото големо натпреварување со репрезентацијата на Македонија.