Несторовски: Моја цел е да постигнам десет гола сезонава, а Елмас сигурно сака да ја освои „Златната топка“!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски имаше интервју за „Газета дело Спорт“, па зборуваше за неговите амбиции во Удинезе.

Напаѓачот на Удинезе минатиот викенд постигна прв гол во дресот на италијанската екипа.

„Се надевам дека ќе постигнам барем десет погодоци. Тоа е мојот сон. Шест сезони постигнувам повеќе од 10 голови, најпрво во Хрватска, а потоа во Палермо“, вели Несторовски.

Несторовски зборуваше и за талентираниот македонски фудбалер Елиф Елмас.

„Елмас е многу добар и сигурно се надева дека ќе ја освои ‘Златната топка’ за три години“, порача Несторовски.

Удинезе во моментов се наоѓа на 14. место во италијанската Серија А со 14 освоени бодови.