Несторовски: Моја работа е да давам голови, среќен сум што му донесов победа на Удинезе!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски постигна гол за Удинезе и му донесе три бода на својот тим во триумфот против Фиорентина од 1-0, па така неговата екипа избега далеку од зоната за испаѓање.

Несторовски го постигна вториот гол сезонава за Удинезе, а го запиша и неговиот 15. настап, односно прв по долго време како стартер на мечот.

„Секој гол е важен. Јас сум напаѓач и моја работа е да давам голови. Среќен сум што погодив и што конечно донесов три бода за Удинезе“, кажа Несторовски по триумфот на неговата екипа.