Несторовски му донесе триумф на Удинезе, па доби пофалби од тренерот! 🎥


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски постигна гол против Фиорентина и така му донесе три бода на Удинезе.

Несторовски погоди кога најмногу ѝ беше потребно на неговата екипа, а тоа не помина без пофалби од неговиот тренер Лука Готи.

„Несторовски е огромен професионалец, секогаш дава максимум на теренот, го заслужи овој погодок“, кажа Готи.

Ова беше втор погодок за Несторовски за Удинезе, а нема сомнеж дека наскоро би можел да добие повторно шанса во првиот тим.