Несторовски: Не ми било пишано да играм на Евро 2020, но подготвен сум за Светско првенство!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот напаѓач Илија Несторовски е повреден и поради тоа нема да настапи на Европското првенство (ЕП) на кое ќе настапи Македонија за првпат во нашата историја.

Несторовски се повреди пред еден месец и поради тоа нема да може да настапи на турнирот, па ќе мора да им даде поддршка на неговите соиграчи пред малиот екран, а во интервју за „Бејстеџ“ кажа дека е разочаран.

„Моето разочарување е големо, но така било пишано. Не требало да играм на ЕП. Во репрезентацијата сум пет-шест години и од 166 место ја вративме Македонија на место кое ѝ доликува и се израдувавме на пласман на ЕП. Се надевам дека другарите ќе ни донесат нови радости, а јас сум подготвен за Светско првенство“, вели Несторовски.

Цело интервју на Несторовски со „Бекстејџ“ може да се погледне на видеото.