Несторовски објасни кого пцуеше, но јавноста е јасна: Надвор од репрезентацијата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Потегот на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ја налути македонската јавност, која испрати безброј критики кон напаѓачот на Удинезе.

Несторовски го постигна петтиот гол на мечот против Лихтенштајн (5-0) и потоа опцу кон камерата, а тоа македонската јавност го разбра како навреда кон неа и затоа бара реакција од селекторот Игор Ангеловски.

Несторовски, сепак, се бранеше по нападите на јавноста и објасни за што станува збор, секако не сакал да ја навреди целата јавност, туку пцовката била наменета за три личности.

„Наменета беше за три личности кои ми се закануваа и ме навредуваа мене и мојата фамилија. Можам да минам низ многу работи, но некој да ми ги навредува моите најблиски никогаш. Тие личности добро знаат кои се“, беше пораката од фудбалерот.

Меѓутоа, тоа не ја смири македонската јавност, која со други навреди му одговори на Несторовски, а дел од навивачите побараа и фудбалерот да биде исклучен од репрезентацијата.