Несторовски останува во Удинезе до 2023 година!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот напаѓач Илија Несторовски стави потпис на нова соработка со Удинезе, па ќе остане во калчолигашот до 2023 година.

Несторовски во претходниот период се поврзуваше со неколку тимови, но сепак Македонецот реши да остане во екипата на Удинезе барем уште една година.

Несторовски претходно играше за Палермо во Серија А, при што постигна 38 гола на 94 меча, а за Македонија има одиграно 46 натпревари и постигна 10 голови.