Несторовски промовиран во Удинезе: Чест ми е што сум тука! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски денеска беше промовиран во неговиот нов клуб Удинезе, кој пристигна од редовите на Палермо.

Несторовски се заблагодари за довербата на управата на клубот и се надева дека ќе ја оправда со многу голови кои планира да ги постигне во новата сезона.

„Сакам да испратам поздрав до сите навивачи на клубот. Да се биде во Удинезе е голема чест за мене. Благодарен сум за дадената доверба и се надевам дека ќе ја оправдам со многу голови во новата сезона. Верувам дека ќе имаме успешна сезона“, вели Несторовски.

Несторовски во претходните три сезони настапуваше за Палермо, за кој одигра 99 меча и постигна 39 гола.