Несторовски се извини и порача: Ќе ја прифатам одлуката на селекторот, каква и да биде!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот напаѓач Илија Несторовски е главна тема по убедливиот триумф на Македонија против Лихтенштајн со 5-0 во квалификациите за Светското првенство затоа што пцуеше по голот кој го постигна од пенал.

Несторовски по натпреварот веднаш објасни дека пцовките биле испратени кон три личности, кои му се заканувале, а не кон македонската јавност.

Напаѓачот и покрај тоа не ја смири јавноста, па реши да испрати ново извинување.

„Се извинувам на секој што сметаше дека зборовите се испратени кон јавноста. Тоа не е вистина, како што реков веќе, тие беа за одредени луѓе. Не го направив тоа под притисок од публиката или резултатот, туку го направив со ладна глава. За мене, Македонија е на прво место! Каква и да е одлуката на селекторот, ќе ја прифатам“, порача Несторовски.