Несторовски се сели во фенерџијата во Серија А?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Салернитана е последнопласирана екипа во италијанската Серија А и покажа интерес за македонскиот напаѓач Илија Несторовски во кого бара спас за опстанок.

Екипата од Салерно игра ужасно во нападот, па досега постигна само 13 голови, но смета дека македонскиот фудбалер може да го подобри гол-ефектот на тимот, иако добива мала минутажа во Удинезе.

Несторовски претходно привлече интерес од многу италијански екипи, меѓу кои Виченца, Монца, Лече и Кротоне, но никој не успеа да го добие неговиот потпис.

Несторовски имаше пауза од седум месеци поради повреда на лигаментите на коленото, па тоа е една од причините затоа што добива мала минутажа, но сепак мора да размислува за нова средина во која ќе биде прв избор.