Несторовски си оди од Удинезе, а познат е и неговиот нов клуб!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски во јануари би можел да си замине од Удинезе, каде што не добиваше многу шанса во претходните месеци.

„Ил Месенџер Венето“ објави дека за услугите на Несторовски е заинтересирана Специја, која може да му даде поголема минутажа, па се отвора можност за трансфер уште во јануари.

Несторовски е четврти напаѓач во калчолигашот и дефинитивно не може да биде среќен за тоа, а Специја во јануари ќе се обиде да го убеди Удинезе да им го остапи македонскиот фудбалер.

Специја во моментов се наоѓа на 17. место во Серија А со 13 бодови по 15 одиграни меча, односно шест повеќе од опасната зона во која се наоѓаат Кремонезе, Сампдорија и Верона.