Нетси подобри од Санс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Бруклин Нетс синоќа на домашен терен го совладаа Феникс Санс 119:97.

Нетсите одиграа уште еден многу добар натпревар кој го решија со одлична игра во третата четвртина. Домашната екипа поведе со 35:31 по првата четвртина, додека резултатот на полувремето беше 55:52 за Нетс.

И тогаш во третиот дел домаќините направија одлична серија и тргнаа во двоцифрена предност што не успеаја Санс да ја стигнат до крајот на мечот.

Бруклин ја продолжија својата добра игра до крајот, одржувајќи го водството и на крајот славеа со 119-97. За Нетс, ова беше 22-та победа сезонава (22-27), додека „Сонцата“ имаат 20 победи и 30 порази.

Домашниот тим го предводеше Карис Лаверт кој постигна 29 поени и додаде седум асистенции и три скока. Истакна и Џо Харис со 16 поени.

Што се однесува до Сонцата, Деандре Ајтон беше најефикасен синоќа со 25 поени и 17 скокови.