Неверојатна судбина за Буананоте: Кажа дека сон му е да заигра за ЛШ со Челси, но не е пријавен за настап


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


На последниот ден од трансфер периодот, Челси го засили својот тим со младиот аргентински талент, Факундо Буананоте. Тој пристигна на „Стемфорд Бриџ“ како позајмен од Брајтон.

По склучувањето на договорот, 20-годишниот офанзивец ја изрази својата огромна среќа што ќе има можност да игра за еден од најреномираните клубови во Премиер лигата.

„Пресреќен сум што доаѓам во Челси. Ќе работам напорно и ќе дадам максимум за моите нови соиграчи и за стручниот штаб. Верувам дека не очекува успешна сезона,“ изјави Буананоте.

Аргентинскиот талент дополнително го истакна своето воодушевување за можноста да настапи во Лигата на шампионите, потенцирајќи дека тоа би било исполнување на неговиот сон.

Сепак, уште на самиот почеток го снајде разочарување — името на Буананоте не се појави на списокот за елитното европско натпреварување, што го објави тренерот Енцо Мареска.