Неверојатни изјави од Барса: Де Јонг споменува вештачка интелигенција, Деко најде специјален виновник


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Синоќешниот натпревар помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона ќе влезе во историјата поради одличната партија на домашниот тим, кој ги научи лекциите на Каталонците и славеше со 4:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на кралот.

И покрај неочекуваниот резултат, натпреварот не помина без контроверзии. Веднаш по почетокот на второто полувреме, во 52. минута, ВАР го поништи голот на Кубарсија. ВАР-от имаше потреба од повеќе од седум минути за да ја разгледа спорната ситуација, а не беше јасно дали стоперот на Барса беше во офсајд. По натпреварот, CTA (Техничкиот комитет на судии) потврди дека полуавтоматскиот систем за офсајди бил неисправен во тој момент.

Играчот од средниот ред на Барселона, Френки Де Јонг, по натпреварот на СпортиТВ остро го критикуваше инцидентот: “Тогаш видов слика која јасно покажува дека не беше во офсајд. Сликата која ја покажаа на ТВ не го прикажуваше точниот момент кога Фермин ја удри топката. Има слика од Фермин како шутира додека дефанзивецот беше на метар од Левандовски .“

Деко призна дека “денес не беше прашање дали има или нема. Беше прашање на интензитет. Знаевме дека Атлетико има тим со одлични играчи, се подобрија со зимските засилувања, а ние не се пристапивме кон првото полувреме како што требаше.”

.