Неверојатен трансфер: Поранешна НБА-ѕвезда засили чешки второлигаш!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Неверојатна вест пристигна од Чешка, каде што се преселил 35-годишниот Рејмонд Фелтон, кој ќе го носи дресот на второлигашот Јиндричув Храдец.

Фелтон во НБА-лигата помина 14 сезони, а одигра и повеќе од 1.000 натпревари. Во кариерата ги носеше дресовите на Шарлот, Њујорк, Денвер, Портланд, Далас, Клиперс и Оклахома, а во просек постигнуваше по 11,2 поени и 5,2 асистенции.

Американецот исто така беше голема ѕвезда во НЦАА лигата, кога ја предводеше северна Каролина до трофеј во 2005 година.