Неверојатна понуда од Реал за Алаба


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид испрати понуда за фудбалерот на Баерн Минхен, Давид Алаба, тврди шпански “АС”.
Наводно, “Кралевите” за услугите на 24 годишниот фудбалер се спремни да испратат понуда од 65 милиони евра.

Фудбалерот е заинтересиран за преселба на “Сантијаго Бернабеу”. Меѓутоа Баерн, наводно бара дополнителни 15 милиони евра за играчот кој има договор со германскиот клуб до 2021 година.

Алаба е член на Баерн од 2008 година. Член на првиот тим стана во 2010 година и од тогаш е неизоставен дел од првиот состав на баварците. Одигра вкупно 218 натпревари за Баерн и постигна 19 погодоци.