Неверојатниот Левандовски има постигнато повеќе голови од Милан, Атлетико, Манчестер Јунајтед….


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Полскиот напаѓач игра во животна форма и оваа сезона постигна 16 голови во Бундеслигата.

На 11 натпревари Лева постигна 16 погодоци, вкупно 23 во сите натпреварувања и иако можеби Баерн не е на ниво оваа сезона, Полјакот немилосрдно постигнува голови и благодарејќи на него германскиот великат и понатаму ќе се бори за титулата.

Без дилеми моментално е еден од трите најдобри центарфори во светот, а она што го прави е навистина неверојатно. Статистички гледано, моментално е најефикасен играч во Европа со Лионел МЕси, кои единствено има поголема вкупна оцена, но и помал број натпревари од Полјакот. Аргентинецот има вкупна оцена 8.49, Левандовски 8.17.

Поразителен факт за некои европски великани е дека вкупно (сите играчи) имаат постигнато помалку голови од Левандовски. Тој во Бундеслигата има постигнато 16, а комплетниот тим на Милан 11 во Серија А, додека Јувентус има постигнато само три гола повеќе од Левандонски.

Помалку голови од Лева имаат постигнато и Манчестер Јунајтед (13), Атлетико Мадрид (12), Марсеј (14) итн…