Неверојатниот Роналдо дојде на тренинг четири часа порано


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Кристијано Роналдо ќе треба да биде трпелив уште десетина дена пред да се врати на фудбалските терени.

Роналдо е познат како перфекционист, тој посветува големо внимание на физичката подготвеност и максимално се грижи за своето тело, затоа, иако има 35 години, тој изгледа значително помлад.

Колку се важни тренинзите за португалскиот ас и дека продолжувањето на сезоната сака да го дочека што поподготвен, најдобро ја покажува вчерашната ситуација од тренинг кампот на Јувентус.

Маурицио Сари закажа тренинг за 17 часот, а неверојатниот Роналдо пристигна четири часа порано. Вратите на Континаса за неговото возило се отворија во 12:52, пишува „Кориере дело Спорт“.

Најпопуларниот фудбалер на денешницата направи неколку часови индивидуален тренинг, по што следеше оној со своите соиграчи од Старата дама.

По пауза од скоро три месеци, Јувентус својот прв натпревар ќе го одигра на 13. јуни. Во возвратниот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија на Алијанц стадионот, ќе го пречека Милан.