“Неверојатно е тоа што Златан никогаш не ја освои Златната топка“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо е задоволен со победата против Бурнмут на почетокот на сезоната.

Црвените ѓаволи славеа со 3:1 со головите на Хуан Мата, Вејн Руни и Златан Ибрахимовиќ.

„Среќен сум поради победата. Бурнмут добро тргна, но успеавме да ја задржиме контролата над натпреварот.

Во второто полувреме имавме повеќе самодоверба. Не правевме греши, да правевме, ќе бевме казнети“, истакна Мурињо, и го пофали Златан Ибрахимовиќ:
„Неверојатно е дека Златан Ибхрахимовиќ никогаш не ја доби Златната топка. Сега сака да ја освои Премиер лигата, а не Златната топка. Златан е феномен и во наредните две сезони може да биде феноменален“, заклучи Посебниот.

Јунајтед во второто коло го чека Саутемптон на Олд Трафорд.