Неверојатно: Германски судија ја тужи Евролигата зашто го дискриминале поради брадата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот судија Бенџамин Барт беше стандарден член на Евролигата, но оваа сезона не беше делегиран за ниту еден меч.

Барт одби да ја скрати енговата брада, а наводно тоа е причината поради која бил отстранет од натпреварувањето.

„Ричард Стоукс ми објасни дека тренерите и спортските директори не сакаат брада и се жалат поради тоа“, открива Барт.

Од Евролигата продолжиле да вршат притисок, но тој не попуштил и не ја скратил брадата, па сега суди само во кошаркарската Бундеслига.

„Не разбрав за што станува збор. Која е разликата дали имам брада или не? Тоа е дискриминација“, кажа судијата.