Неверојатно: Наградата за најдобар играч на месецот му ја донесоа до дома со – дрон! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалот одамна беше запрен во најголемиот дел од Европа, поради пандемијата на коронавирусот. Запрен беше и во Русија, која исто така во целта на борбата против вирусот воведува различни мерки.

Сепак, се играше фудбал во Русија во поголемиот дел од март, а лидерот на табелата на рускиот шампионат не сакаше наградата за најдобар играч на месецот да остане во клубот.

Навивачите го прогласија Бразилецот Малком за најдобар во месец март, а поради тоа што не се препорачува излегување од дома ниту во Русија, наградата на фудбалерот му беше донесена низ прозорец.

Малком доби порака да го отвори прозорецот, а потоа во неговиот стан влета дрон, кој му ја донесе наградата.