Неверојатно, но не и невозможно: Сити и Ливерпул би можеле да играат плејоф за шампион на Англија!


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Манчестер сити е лидер со 95 бодови, а Ливерпул има 94 во Премиерлигата. На „граѓаните“ им е потребан победа против Брајтон да ја обезбеди титулата, а Ливерпул против Вулверхемптон ќе мора да победи и да се надева на кикс на нивниот ривал.

Драмата почнува од 16 часот, а во моментов Сити е поблиску до трофејот. Сепак, „Би-би-си“ пиишува дека клубовите би можеле да бидат израмнети по денешниот меч и тогаш би можело да се играл плејоф на неутрален терен. Но такво нешто да се случи е речиси невозможно.

Единствен начин тоа да се случи е Сити да загуби од Брајтон со 0-4, а Ливерпул да одигра 4-4 против Вулверхемптон.

Лоша вест за навивачите е тоа што само еднаш второпласираниот тим ја искористил шансата да ја освои титулата во последниот ден.