Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид синоќа после продолженија ја совладаа Севиља и го освоија УЕФА Суперкуп. Навивачите се пресреќни, а причина за дополнително задоволствто многу имаат.
Имено, денеска со тренинзи почнаа португалските херои, Кристијано Роналдо и Пепе.
Да потсетиме, овој двоец доби продолжен одмор после што го освоија ЕВРО со Португалија.
Шпанските медиуми јавуваат дека Роналдо и Пепе прво разговарале со тренерот Зинедин Зидан, после што започнале со тренинг.
Да потсетиме, Роналдо се повреди во финалето на Евро и имаше гласини дека го чека повеќе месечно отсуство поради проблем со коленото, но постои можност да заигра веќе во првото коло од Примера каде што Реал гостува кај Реал Сосиедад.