Неверојатно: Пред неколку години играа во Лигата на шампионите, а сега не можат да соберат играчи за да одиграат првенствен натпревар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некогаш шпанскиот прволигаш кој стигна и до настап во Лигата на шампионите, Малага мака мачи да одигра првенствен натпревар.

Членот на втората по ранг лига во Шпанија треба да одигра натпревар против Кадиз, во сабота, но тој натпревар како што стојат работите ќе биде одложен.

Средбата на „Ла  Росаледа“ доаѓа во многу незгодно време за клубот. Некои од играчите се со репрезентативни обврски, други се повредени, а тренерот во моментов има на располагање само 12 играчи.

Токму затоа, од Малага упатиле молба до сојузот во Шпанија да им излезе во пресрет и да им го одложи натпреварот против Кадиз.