Неверојатно: Роналдо постигна 50 голови во 2023 година!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ал Наср славеше против Ал Шабаб со 5-2 и се пласира во полуфинале на Купот на Саудиска Арабија, а Кристијано Роналдо постигна еден гол на натпреварот.

Роналдо беше стрелец на четвртиот гол на натпреварот, а така постави еден интересен јубилеј за 2023 година.

Ова беше негов 50. гол во 2023 година, а досега иста бројка на погодоци постигна само Ерлинг Халанд, додека Хари Кејн и Килијан Мбапе имаат по 49 гола.

Роналдо воедно ја запиша и својата 14. асистенција во 2023 година.