Неверојатно: Се борат за титула, а Сити ги воодушеви навивачите со објавата за Ливерпул (ФОТО)


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Пред 30 години се случи една од најголемите несреќи во светот на спортот на стадионот „Хилсборо“ кога починаа 96 навивачи.

Трагедијата на „Хилсборо“ е голема рана во срцето на сите во Ливерпул, со оглед на трагичниот инцидент на 15 април 1989 година, на мечот во полуфиналето од ФА-купот против Нотингем Форест.

Денеска се 30 години од трагичниот инцидент кој го потресе фудбалскиот свет. Целата планета се сеќава на несреќниот случај, па сите испратија поддршка до Ливерпул.

Еден од првите кои се огласи беше Манчестер сити, кој им даде поддршка на„црвените“ со што ја воодушевија јавноста, зашто е познато дека со сите сили се борат со Ливерпул сезонава за титулата во Премиерлигата.