Неверојатно: Си го загуби шампионскиот појас во УФЦ за време на мерењето! (Видео)

Неверојатен развој на настаните се случија на УФЦ 247, кога мерењето требаше да биде само формалност пред борбите во Феникс, но сепак се покажа како најважно за шампионскиот статус на Чарлс Оливеира.

Главната борба на УФЦ 247 требаше да го реши новиот шампион во лесна категорија до 70 кг, но на крајот титулата беше решена уште на мерењето.

Актуелниот првак не успеа од два обиди да ја задоволи потребната тежина, иако беше убеден дека направил сè, но сепак на метењето можеше да се забележи дека двапати имаше по 200 грама повеќе.

Поради тоа УФЦ соопшти дека Оливеира ќе остане без шампионскиот појас во момент кога во ноќта меѓу сабота и недела ќе влезе во рингот.