Неверојатно: Ситуацијата на ПСЖ со голманите досега никогаш не е забележана во Европа


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ПСЖ пред неколку дена потпиша договор со Џанлуиџи Донарума, па сега францускиот гигант ќе има дури девет голмани и такво нешто досега никогаш не е забележано во Европа.

Тоа е нешто што досега не е забележано во другите клубови, а парижаните имаат речиси двојно повеќе голмани од нив.

Француски „Л’Екип“ објави дека тројца голмани кои ќе останат во ПСЖ следната сезона се Донарума, Кејлор Навас и Летелие, кој беше трет голман и минатата сезона.

И Серхио Рико и Алфонсо Ареола ќе го напуштат тимот во следниот период, иако нема понуди за нив.

Парижаните ангажираа неколку звучни засилувања ова лето, а веќе потпишаа договори со Ашраф Хакими и Серхио Рамос, па се очекува и промоција на Донарума, Вајналдум и уште неколку фудбалери.