Неверојатно: Зомер против Баерн Минхен имаше 19 одбрани! (Видео)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Чуварот на мрежата на Борусија Менхенгладбах, Јан Зомер блесна во мечот против Баерн Минхен и запиша неверојатни 19 одбрани, откако фудбалерите на германскиот шампион испратија 20 удари во рамки на голот.

Зомер постави апсолутен рекорд во Германија, откако го надмина Александер Шволо од Хета, кој имаше дури 14 интервенции против баварскиот гигант.

Лирој Сане успеа да го спаси Баерн од пораз, откако Зомер цели 83 минути успешно го бранеше својот гол и не дозволи да му се затресе мрежата.