Неверојатни сцени од Сплит пред дербито меѓу Хајдук и Динамо (Видео)

Во сабота, во најголемото дерби на хрватскиот фудбал, Хајдук ќе го пречека Динамо од Загреб на Полјуд од 17 часот.

Навивачите на сплитскиот клуб, популарната Торцида, вечерва ја запоседнаа улиците и го “запалија” градот. На овој начин го најавија големото дерби.

Сплит е цел во црвено. Факелите не се штедеа, низ градот одекнуваа песни и беше направено вистинско шоу.

Сето ова е најавата за утрешното дерби. 30.000 навивачи на Полјуд ќе го пречекаат загребачкиот Динамо.

.