Невидена драма: Ферстапен во последен круг го престигна Хамилтон и ја освои титулата!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен во последната трка сезонава во Абу Даби славеше и успеа да ја освои титулата во Формула 1 шампионатот, и тоа откако во последниот круг го престигна Луис Хамилтон.

Ферстапен во трката влезе од пол-позиција, но Хамилтон веднаш на почетокот го престигне и го презема водството.

Ред Бул бараше истрага против Хамилтон на почетокот, но раководството на трката го одби барањето и трката продолжи.

Британецот до самиот крај ја имаше предноста, разликата беше голема, но потоа Латифи се удри во ѕид и тоа му даде шанса на Ферстапен да стигне до титулата.