Невил јасно го откри главниот проблем на Солскер: Ова мора да го поправи


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Норвежанецот го доби поверението од Јунајтед.

Оле Гунар Солскер ќе го гледаме и во наредните три сезони на клупата на Манчестер Јунајтед. Тоа беше очекувана одлука од лидерите на клубот со оглед на тоа што Норвежанецот добро се снајде на клупата на Црвените Ѓаволи.

Тој ги освои симпатиите на навивачите и сега е јасно дека заминувањето во Норвешка нема да се случи.

Некогашниот член на Јунајтед, Гери Невил, денеска стручен коментатор на Скајспорт е среќен заради одлуката за лидерството на Јунајтед, но не се воздржа и кажа што мора да смени Солскер во тимот.

„Дефинитивно одбраната. Мислам дека тоа треба да му биде приоритет кога е во прашање засилувањето на тимот. Потребен е стабилен штоперски пар бидејќи премногу промени се случија на таа позиција“, изјави Невил.

Тој истакна дека Норвежанецот мора да ги има вистинските луѓе околу себе и потполна поддршка од нив доколку сака да постигне добри резултати.

„Играчите беа за Оле. Сега е се под контрола, но истите тиа кулуминираа при заминувањето на Мурињо. Мораат сега да ја задржат одлучноста и ставот од првиот ден кога Гунар дојде во клубот“, беше јасен легендарниот бек.

Јунајтед моментално во англиското првенство ја држи петтата позиција со освоени 58 бодови, додека во Лигата на Шампионите во стигна до 1/4 финале, каде што за ривал ќе ја има Барселона.