Невил: Не го сакам Лукаку, ама тој ја кажа вистината за Челси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ромелу Лукаку даде интервју за „Скај Спорт Италија“ кое крена голема „прашина“ на социјалните мрежи, а во него белгискиот репрезентативец призна дека му пречи системот со кој игра тренерот Томас Тухел.

Германскиот стратег поради тоа го суспендираше од дербито против Ливерпул, па Лукаку не се појави воопшто ниту на трибините.

Најголем дел од англиската јавност и навивачите на Челси го критикуваа Белгиецот поради неговите коментари затоа што не доликуваат на еден професионалец, но на негова страна застана поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Гери Невил.

„Ги критикував фудбалерите во претходните месеци поради нивните изјави, но не мислев дека ќе се случи вакво нешто. Јасно ми е дека не сакаше да го слушне ова ниту навивач на Челси, но што се однесува до мене, Лукаку ја кажа вистината“, вели Невил.