Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендата на Манчестер јунајтед, Гери Невил „распука“ по Ромелу Лукаку, откако Белгиецот замина од премиерлигашот и се пресели во редовите на италијанскиот калчолигаш Интер.
Невил смета дека Лукаку бил продаден затоа што бил премногу дебел и имал повеќе од 100 килограми, па „ѓаволите“ не згрешиле затоа што се ослободиле од неговите услуги.
Белгиецот денеска пристигна во Милано, кадешто ќе потпише договор и ќе ја продолжи кариерата, а Интер за неговите услуги ќе плати 65 милиони евра плус дополнителни 13 милиони во бонуси.
„Лукаку призна дека е предебел. Тој има повеќе од 100 килограми! Секако дека може да постигнува многу голови во Интер, зашто неговата непрофесионалност е заразна“, напиша Невил.