Невообичаен твит на Портланд по разигрувањето за плеј-офот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Портланд Трејл Блејзерс синоќа во драма го совладаа Бруклин Нетс со 134-133 со драматичен натпревар, па ќе играат разигрување за плеј-оф против Мемфис.

Дамеин Лилард танцуваше на теренот, постигна 42 поени и додаде 12 асистенции. Јусуф Нуркиќ исто така имаше дабл-дабл учинок од 22 поени и 10 скока.

Ова е голема победа за Портланд кој остана во игра во плеј-офот и НБА титулата, но прво на патот го имаат Мемфис Гризлис.

Кога Нетси го пропуштија нападот за победа, следуваше „чуден“ твит од Портланд. Администраторот на нивните профили на социјалните мрежи немаше ништо попаметно да напише отколку само да удира на тастатурата со целата еуфорија, што кажува доволно за тоа колку била важна оваа победа.