Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Најскапиот фудбалер на светот, Бразилецот Нејмар започна со припремите со ПСЖ.
Не е тајна дека бразилскиот велемајстор сака да ги напушти редовите на францускиот првак ова лето и да се врати во Барселона, но од тоа веројтно ништо нема да се случи.
Барселона нема доволно пари за да го врати во своите редови, а ПСЖ од друга страна не сака да прифатли понуди со размени кои беа понудени од страна на Барса.
Францускиот магазин L’Equipe од извори блиски до клубот дознава дека ПСЖ нема намера да прифати било каква размена за Нејмар во која се вклучени играчи и дополнителни пари.
Ако го продаваат тоа ќе биде сумата која ја дадоа за него, односно 222 милиони евра.
Исто така, медиумот тврди дена Нејмар веќе се помирил со судбината, па веројатно бразилскиот фудбалер и понатаму ќе го гледаме во дресот на Светците, каде во изминатите две сезони одигра 58 натпревари.
Во овие 58 настапи успеа да постигне 51 погодок.
PSG arrived safely in China as Chinese fans go crazy for Neymar
pic.twitter.com/NWHb29rPM9— FancyDiMaria (@FancyDiMaria) July 24, 2019