Незгодно прашање за Левандовски: Ти ли бараше да ти асистираат за да урнеш рекорд?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Баерн Минхен го декласираше тимот на Борусија Менхенгладбах со 6-0 и така на вистински начин ја прослави новата титула во германскиот шампионат.

За Баварците ова е деветта титула по ред во Германија, а повторно одличен на теренот беше Роберт Левандовски, кој стигна до бројката од 39 голови сезонава и така стигна блиску до Герард Милер.

Милер во сезоната 1971/72 постигна 40 голови и Левандовски во следните два меча ќе има можност да го урне рекордот.

Еден новинар по крајот на натпреварот го праша Левандовски дали тој намерно барал од соиграчите да му додаваат за да стигне до рекордот.

„Не, не го побарав тоа. Не правам такви работи. Кога сакате нешто премногу, тоа на крајот секогаш ќе го постигнете. Кога играш за екипа, ќе дочекаш шанса. Продолжувам да давам максимум за мојот тим. Благодарен сум што ми асистираат толку често“, кажа напаѓачот.