Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓
Нејмар реши јавно да ги прозове луѓето кои гласаа во изборот за Златната топка 2025 година, откако Усман Дембеле беше тој кој го освои овој трофеј.
Имено, Дембеле стана првиот фудбалер на Пари Сен-Жермен кој некогаш ја освоил оваа награда поради одличните игри и освоената Лига на шампионите минатата сезона.
Французинот беше „главна фигура“ на овој клуб кој минатата сезона ја освои тројната круна, а постигна 35 голови и додаде 16 асистенции во сите натпревари.
„Оваа награда ја добив благодарение на одличниот колектив. Благодарам на сите мои соиграчи.
Покрај тоа, благодарам и на Барселона, клубот од моите соништа. Имав можност да играм и со Меси, благодарам и на него бидејќи многу научив од него“, рече Дембеле.
Самиот Нејмар никогаш не ја освоил Златната топка и неговиот најдобар пласман беше третото место, па сега реши јавно да ги „прозове“ сите кои учествуваат во гласањето.
Тој на социјалните мрежи остави јасен коментар.
„Рафинја на петтото место, тоа е премногу смешно“, напиша Нејмар.