Ни Барселона, ни Реал Мадрид: Фудбалскиот „предатор“ потпишува договор со плата од 600.000 евра


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Манчестер сити е подготвен да го направи Ерлинг Халанд најплатен фудбалер во Премиерлигата, а информацијата ја објави „Дејли Мејл“.

„Граѓаните“ очајно бараат напаѓач, а изборот падна врз Халанд, кој би добил неделна плата од неверојатни 600.000 евра.

Со оваа сума Халанд би ги надминал Кристијано Роналдо и Кевин де Брајне, кои заработуваат по 450.000 евра во нивните тимови.

Халанд има откупна клаузула од 75 милиони евра, која би можеле да ја искористат гигантите, меѓутоа неговиот менаџер Мино Рајола и татко Алф-Инге бараат големи суми за бонуси.

Барселона и Реал Мадрид го сакаа Халанд, но очигледно не може да понудат толку многу пари колку премиерлигашот, пишува „Дејли Мејл“.