Ни Интер, ни Њукасл: Антонио Валенсија потпиша договор со еден клуб и остави многумина изненадени


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Доскорешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Антонио Валенсија одби неколку понуди од европски клубови и се реши кариерата да ја продолжи во родниот Еквадор.

Иако се пишуваше дека за него се заинтересирани Интер и Њукасл,  Антонио Валенсија кариерата сепак ќе ја продолжи во тимот на ЛДУ Кито од Еквадор.

Клубот на својот официјален сајт објави кратко видео со кое му посака добредојде на искусниот фудбалер кој со сигурност ќе го крене квалитетот на екипата.