Ни Шакира не можеше да издржи: Пике не ми дозволува, но…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона синоќа триумфираа во „Ел Класико“ со 4-0 против Реал Мадрид, па така се вратија во борба за втората позиција на табелата.

По натпреварот можеше да се забележи колку им значи победата на фудбалерите на Барселона, а Жерар Пике славеше со навивачите на каталонскиот гигант.

Пике го одигра цел меч, иако Чави пред натпреварот откри дека има проблеми со повреда поради што барал замена против Галатасарај.

Во центар на внимание беше и неговата сопруга Шакира, која не можеше да одолее и реши да испрати порака на Инстаграм.

„Жерар не ми дозволува, меѓутоа тој е способен да одигра херојски и покрај повредата. Тој секогаш дава максимум, не само што ми е сопруг, туку тој е најдобар сопруг во светот“, кажа Шакира.