ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓
Напаѓачот на Баерн, Хари Кејн (32) влезе во историјата на фудбалот како играчот кој најбргу достигнал бројка од 100 голови во една од најсилните пет лиги.
Кејн против Вердера, во новата победа на Баварците во Бундеслигата (3:0), беше двоен стрелец, постигна вкупно и 18. гол од пенал за Баерн откако стана член на германскиот гигант, и она што е највредно и по што ќе биде запаметен – достигна до 100. гол за најмал број натпревари некогаш.
За ова остварување му беа потребни само 104 натпревари.
Така го надмина рекордот што досега го држеа Ерлинг Халанд и Кристијано Роналдо, на кои им беше потребен еден натпревар повеќе од Кејн за да достигнат трoцифрена бројка на голови во клубовите од петте најсилни лиги.
Кејн оваа сезона, во пет натпревари во домашните рамки, веќе постигна 11 голови. Во Баерн, потсетуваме, е од 2023 година.