Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Некогашниот возач на Мерцедес и поранешен светски првак во Формула 1, Нико Розберг смета дека Макс Верстапен е еден од најдобрите возачи моментално.
Во прилог на ова оди и фактот што Верстапен е единствен возач кој оваа сезона победил да да не вози за тимот на Мерцедес.
„Сметам дека Верстапен би бил пред Хамилтон да вози Мерцедес. Тој одработи одлична сезона и мислам дека во овој момент е најдобар возач“, рече Розберг, па додаде:
„Вози неверојатно, едноставно е одличен. Сите се луди по него. Сакаме да го гледаме бидејќи неговото возење е многу возбудливо“, заврпи Розберг.
Да потсетиме, Розберг после освојување на титулата, само пет дена подоцна се повлече од активно учество во трките.