Никогаш поскромен Златан: Не е важно кој постигнува голови!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ постигна денеска гол во дебито за Манчестер Јунајтед во Премиер лигата.

Црвените ѓаволи го победија Бурнмут со 3:1, а шведскиот напаѓал го постигна третиот гол на натпреварот за предност од 3:0. Златан после мечот беше многу скромен.

„Тимот одработи добра работа и важно е дека добор влеговме во сезоната. За мене се е ново, од клубот до соиграчите, но едноставно го играв својот стил. Само си ја работев својата работа, помагав на тимот. Најважно е дека победивме, добро е ако постигнам и гол, но сеедно е кој ќе постигнува голови“, рече Ибрахимовиќ после натпреварот.

Ова за Ибра е веќе втор гол во дресот на Јунајтед, а претходниот го постигна во Комјунити Шилд против Лестер.