Никој не е како Халанд: Чудото од дете урна рекорд стар 23 години!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд синоќа постигна два гола во победата на Манчестер сити против Лидс и така ја продолжи голгетерската серија и урна рекорд стар 23 години.

Халанд на само 14 натпревари оваа сезона стигна до бројката од 20 голови и го урна рекордот на Кевин Филипс на кој за такво нешто му требаа седум меча повеќе и го држеше рекордот од 1999/2000.

Уште неколку легенди стигнаа до 20 голови во една сезона во Премиерлигата, но на нив им требаше повеќе време, а некои од нив се Фернандо Торес, Алан Ширер, Тјери Анри и Хари Кејн.