Никој не ги запира „кралевите“: Реал Мадрид го освои Суперкупот (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид славеше со 2-0 против Ајнтрахт Франкфурт на Олимпискиот стадион во Хелсинки, па така тоа е нивни петти трофеј во Суперкупот.

Првата сериозна шанса ја имаше Франкфурт, кој се закани кон голот на Тибо Куртоа, но Белгиецот беше сигурен пред гол-линијата.

Голот за водство на шпанскиот гигант го постигна Алаба по асистенција на Валверде во првото полувреме, додека вториот погодок падна во вториот дел откако Бензема погоди за 2-0.

За Французинот тоа бееш 324. гол за Реал, па така го надмина легендарниот Раул и стана втор најдобар стрелец во историјата на тимот, додека пред него е само Кристијано Роналдо со 450 голови.